РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

вторник, октомври 04, 2005

Околу 5480 лица од Прилеп се евидентирани во јавната установа
Меѓуопштинскли центар за социјална работа Прилеп, како корисници на социјална помош истите треба да се јават во центарот во текот на месец октомври заради заведување и потврдување на нивнииот статус во однос на правото за социјална помош.
“Лицата кои се корисници на социјална помош а се вработени треба да донесат потврда за висината на личниот доход за месеците јули, август и септември.Истото важи и за одредени пензионери кои во овие месеци приходувале повеќе од дозволениот лимит за преимање на социјална помош“, рече директорот Живко Силјаноски.
“За корисниците кои нема да се јават во центарот и да потпишат изјава за остварување на ова право следува забрана за користење на истата во наредните две години“, изјави директорот на центарот; Живко Силјаноски.

понеделник, октомври 03, 2005

Војската си оди од прилепската касарна, кантината останува..Според планот за трансформација, Армијата на република Македонија (АРМ) ќе ја напушти касарната до почетокот на следната година.Кантините од касарната во Прилеп и во други девет градови се дадени под концесии на приватни фирми. Тие во договорите со Министерството за одбрана (МО) се обврзаа да ги задржат вработените најмалку десет години колку што трае договорот.

За 450 редовни и 100 вонредни бруцоши денеска започна академската 2005/06 година. “Животот не се мери по дишењето туку според миговите што го одземаат здивот, денеска е таков миг“ – се обрати на новите бруцоши, деканот на Економскиот факултет, професор доктор Гордана Трајкоска.
Факултетот постои и се развива 45 години и е најстара високообразовна институција во рамките на универзитетот св.Климент Охридски.

И во новите услови на пазарна економија кога конкуренцијата во економијата и бизнисот е неминовност помеѓу приватните но и државните факултети.Економскиот факултет го остварува планот а структурата на запишаните студенти и нивните успеси во текот на студиите претставуваат најдобри амбасадори за она што значи економскиот факултет денеска, рече продеканот за настава професор др.Сашо Атанасоски.

16 компјутери во современ амбиент се составен дел на интернет клубот што се отвори денеска за потребите на студентите кои ќе можат да го користат бесплатно во текот на целиот ден за подготовка на испит, семинарски работи, есеи и други активности кои ќе бидат вклучени во формирањето на оценката за испитите.

Од минатата година студентите на Економскиот факултет во летниот период обавуваат 2 неделна пракса во познати компании што создава услови за нивно понатамошно стипендирање и вработување во нив. За Прилеп постоењето и работењето на Економскиот факултет значи негово заживување како факултетски центар, интелектуално средиште но и годишен прилив на околу 300.000 евра, пари на студентите кои доаѓаат на студии од другите места, истакнува Атанасоски.

среда, септември 28, 2005

Унијата на жени на Вмро-Дпмне од Прилеп бара спроведување на програмата за рано откривање и спречување на болести на репродуктивните органи кај жените.Оваа програма беше донесена од владата на 7 март 2005 а стапи на сила четири дена подоцна.
Со овие болести најмногу се погодени жените на возрастод 19 до 65 години, а програмата предвидува бесплатен гинеколошки преглед за 20% на жени на таа возраст, односно би значело бесплатен преглед со спроведување на пап-тестови и други анализи за околу 5000 жени во општина Прилеп со еднинствена цел за навремено откривање на претканцерозни состојби и преземање мерки за навремено лекување.При прегледот на пациентите не треба да се наплаќа партиципација.
Според унијата на жени на Вмро-Дпмне, реализацијата на оваа програма е започната во други градови но не и во Прилеп.Треба да се реагира брзо и интервентно рече членот на комисијата за здравство на оваа партија, Снежана Переска.
Здравствените установи кои се извршители на програмата најдоцна до 15 јануари наредната година треба да достават до министерството за здравство извештаи за реализираните мерки и активности во 2005 година.

Кирил Михаиловски свесно или несвесно потврдува едно мое дамнешно сознание дека поезијата пред се е пеење.Во надворешноста односно во екстериерот е ритам, а во внатрешноста е мислење, всушност мисла-ќе напиште Трајче Крстески за авторот на поетската книга “Снежно пеење“.
Михаиловски напишал пречистени стихови, полни со љубов, посветени на најмилите и блиските: ќерката, сопругата, роднините, пријателите..
Со “Снежно пеење“ читателот доби книга, читлива поезија што не мора да се разбере, но сигурно нема да не остави рамнодушни.
Топло добредојде на книгата поезија “Снежно пеење“ во светот на читателите и посака промотерот Наташа Мирческа и презентерот Весна Ристеска.
“Снежно пеење“ е втора поетска книга на прилепчанецот Кирил Михаиловски.Првата збирка “Комплименти за поривот“ ја има издадено во 1996 година.

четврток, јули 07, 2005

ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ РОМСКА ДЕКАДА КЛУЧ ЗА ИДНИНАТА КОЈ ГО ИМПЛЕМЕНТИРА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ РОМАНИ ШУКАРИПА, СЕ ОДРЖА ВТОРАТА ДЕБАТА НА ТЕМА: ШТО ПРЕТСТАВУВА РОМСКАТА ДЕКАДА И ШТО ДОБИВААТ РОМИТЕ ОД НЕА..КООРДИНАТОРТ НА ПРОЕКТОТ ТАХИР САЛИМОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДЕКАДАТА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА НИТУ ОД НЕВЛАДИНИОТ НИТУ ОД ВЛАДИНИОТ СЕКТОР. ПОТРЕБНО Е ЗАЕДНИЧКО ЗАЛАГАЊЕ ДА СЕ СПРОВЕДЕ НАЦИОНАЛНИОТ АКЦИСКИ ПЛАН И ДА СЕ ПОМОГНЕ ВО ПРИОРИТЕТНИТЕ ОБЛАСТИ КАКО ШТО СЕ ОБРАЗОВНИЕТО, ВРАБОТУВАЊЕТО НА РОМИТЕ, ЗДРАВСТВОТО И ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО СИГУРЕН И ТОПОЛ ДОМ НА РОМИТЕ КОИ ЖИВЕАТ ПОД ВЕДРО НЕБО..
РОМСКАТА ДЕКАДА БЕШЕ ОФИЦИЈАЛНО ЛАНСИРАНА НА ВТОРИ ФЕВРУАРИ ГОДИНАВА ВО ОСУМ ДРЖАВИ ОД РЕГИОНОТ НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА МЕЃУ КОИ Е И МАКЕДОНИЈА...ИНИЦИЈАТИВАТА ПОТЕКНА ОД КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА РОМИТЕ ВО РАСТЕЧКАТА ЕВРОПА ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ИДНИНАТА КОЈА СЕ ОДРЖА ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ВО БУДИМПЕШТА..
ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ ВО ПРИЛЕП НА ЗДРУЖЕНИЕТО РОМАНИ ШУКАРИПА СЕ ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ, РАБОТНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ПЕРЕ ТОШЕВ И ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕТСКА И МЛАДИНСКА ИНИЦИЈАТИВА ВИДЕЛИНА..

ИВАНОЧО АНГЕЛЕСКИ Е НОВИОТ ВД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ..ОДЛУКАТА Е ДОНЕСЕНА СИНОЌА НА РЕДОВНО СОБРАНИЕ НА КОЕ ПРИСУСТВУВАШЕ ПАРТИСКИОТ ЛИДЕР ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ..ДОСЕГАШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЛАВЕ НАУМОСКИ БЕШЕ СМЕНЕТ ОТКАКО СО МНОЗИНСТВО ГЛАСОВИ ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ОПШТИНАСТА ОРГАНИЗАЦИЈА ДОВЕРБА ДА ЈА ВОДИ ЛОКАЛНА ТА ОРГАНИЗАЦИЈА ДОБИ ИВАНЧО АНГЕЛЕСКИ..

ПРИЛЕПСКАТА ПОЛИЦИЈА Е ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК И БЛОКАДА ОД СДСМ И ВЛИЈАТЕЛНИ РАКОВОДИТЕЛИ ВО МВР.. ВЕЛИ ЛИДЕРОТ НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ..ТОЈ СЕ СРЕТНА СО НОВИНАРИТЕ ДА ЈА ЗАПОЗНАЕ ЈАВНОСТА СО СТАВОТИТЕ НА ПАРТИЈАТА ЗА ПОСЛЕНДИТЕ НАСТАНИ ВО ПРИЛЕП.. СПОРЕД НЕГО, КРИМИНАЛЦИТЕ СЕ ЧУВСТУВААТ СИГУРНО А ИНЕРТНОСТА И КОЛЕБЛИВОСТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИДОНЕЛЕ ДА СЕ СЛУЧИ ПРЕСМЕТКАТА ВО КОЈА ЗАГИНА И ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ..
ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ИНСИСТИРА СЛУЧАЈОТ ДА СЕ РАСЧИСТИ ДО КРАЈ И СИТЕ ШТО МУ КУМУВАА ДА СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ..ТРАЈАНОВ ПРЕДЛАГА ДА СЕ ФОРМИРА ПАРЛАМЕНТАРНА КОМИСИЈА КОЈА ТРЕБА ДА ГО РАСВЕТЛИ СЛУЧАЈОТ ОСОБЕНО ОД АСКПЕКТ НА ОДГОВОРНОСТА НА НОСИТЕЛИТЕ НА ВИСОКИ ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ..
ПРИЛЕП ДАДЕ ЖРТВИ ЗА ВРЕМЕ НА КОНФЛИКОТОТ, ВО ОДБРАНБЕНИТЕ СИЛИ ИМАШЕ ГОЛЕМ БРОЈ ПРИПАДНИЦИ ВО ЕДИНИЦАТА ЛАВОВИ, И СЛУЧАЈОТ СО ПОЧИНАТИОТ НИКОЛА МОЈСОСКИ КОЛО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА И ДА СЕ ВОДИ ХАЈКА ПРОТИВ ОНИЕ КОИ ЈА БРАНЕА ДРЖАВАТА, СМЕТА ТРАЈАНОВ..
ВЛАДАТА И ЛИЧНО ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ЗА ДА ВЛАДЕЕ И ПОНАТАМУ ПРАВИ ОТСТАПКИ ВЕЛИ ТРАЈАНОВ..НАЈНОВ ПРИМЕР Е ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЗНАМИЊА НА ЕТНИЧИТЕ ЗАЕДНИЦИ СО КОЈ СЕ ОВОЗМОЖУВА АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДА ГО КОРИСТАТ ЗНАМЕТО НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА..ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ СМЕТА ДЕКА СОСТОЈБИТЕ ВО ЗЕМЈАТА СЕ СЛОЖЕНИ, МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ ПОСТОЈАНИ НИ СЕ ВРАЌААТ НАЗАД..ГРАЃАНИТЕ ДОСЕГА НЕ СЕ ОБЕДИНИЛЕ ПО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ, СЕГА ВРЕМЕ Е ЗА ЕДИНСТВО, РЕЧЕ ЛИДЕРОТ НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ, ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, КОЈ СИНОЌА ДОЈДЕ ВО ПРИЛЕП ДА ГО КОНСОЛИДИРА ЛОКАЛНОТО РАКОВОДСТВО НА ПАРТИЈАТА ПРЕД ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ..

среда, јули 06, 2005

ПРИЛЕПСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО, ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОДРЖИ СРЕД ЛЕТО И ЌЕ ТРАЕ МАЛКУ ПОДОЛГО..СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА ОВАА КУЛТУРАНА МАНИФЕСТАЦИЈА ЌЕ БИДЕ ВО ПЕТОК СО ПОЧЕТОК ВО 21 ЧАСОТ ВО ГОЛЕМАТА САЛА НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА..СО НЕ СИ ГО ПРОДАВАЈ КОЉО ЧИФЛИКОТ И РЕД ПОЗНАТИ ИЗВОРНИ РЕФРЕНИ ВО ЕТНО ВАРИЈАНТА, ЛЕТОТО ЌЕ ГО ОТВОРИ СОСТАВОТ МОНИСТРА И ВОКАЛНАТА СОЛИСТКА ИРЕНА КРСТЕСКА.. ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА , ИЛИЈА ВЕЛКОСКИ Е ОСОБЕНО ГОРД НА ПРВОТО ГОСТУВАЊЕ ВО ПРИЛЕП НА ПОЗНАТИОТ КЛАВИРИСТ ВО ЦЕЛА ЕВРОПА, СИМОН ТРПЧЕСКИ..


ЗА ТРПЧЕВСКИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА КАРТА ВО ВРЕДНОСТ ОД 150 ДЕНАРИ..ФЕСТИВАЛОТ ЗАВРШУВА СО РИБАРСКИТЕ КАРАНИЦИ, ПРЕТСТАВА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР ВОЈДАН ЧЕРНОДРИСНКИ.. ПРЕТСТАВАТА ЌЕ СЕ ИГРА НА ГРАДСКИОТ БАЗЕН И СЕКОЈ ШТО ЌЕ САКА ДА ЈА ВИДИ ЌЕ ТРЕБА ДА ПЛАТИ 50 ДЕНАРИ..ОСТАНАТИТЕ СОДРЖИНИ НА ЛЕТОТОТ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ГЛЕДААТ ПО СЛОБОДНА ВОЛЈА БЕЗ ПАРИ..
ОРГАНИЗАТОРОТ ОСОБЕНО ГО ИСТАКНА ГОСТУВАЊЕТО НА РУСКИТЕ ХОРОВИ , ГЛАСОТ НА ПРАВОСЛАВНА РУСИЈА..ОСВЕН ВО ПРИЛЕП ТИЕ ЌЕ НАСТАПАТ ВО УШТЕ ПЕТ ГРАДОВИ ВО ЗЕМЈАВА..

ПОКРОВИТЕЛ НА ПРИЛЕПСКОТО ЛЕТО Е МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА.. ОДРЖУВАЊЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ ЧИНИ 280 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ..130 ИЛЈАДИ ЌЕ ДАДЕ МИНИСТЕРСТВОТО А ОСТАТОКОТ ЌЕ ГО ПОКРИЕ ЦЕНТАРОТ СО ПАРИ ОД СПОНОЗОРСТВА И ПРОДАДЕНИ КАРТИ..
ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ГО СТАВА НА РАСПОЛАГАЊЕ ЦЕЛИОТ СВОЈ ТЕХНИЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА СОДРЖИНИТЕ КОИ ГИ ПЛАНИРА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА..

вторник, јули 05, 2005

ВЕТИВ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ЌЕ СИ СТОЈАМ НА ЗБОРОТ, НА КРАЈОТ ОД СЕКОЈ МЕСЕЦ ЌЕ ПОДНЕСУВАМ ИЗВЕШТАЈ ДО ЈАВНОСТА ЗА СЕ ШТО СЕ НАПРАВИЛО ВО ГРАДОТ, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ..ТОЈ ДЕНЕСКА ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СЕ ШТО СРАБОТИЛА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ИЗМИНАТИВЕ 60 НА ДЕНА..НО ТОА СЕ РАБОТИ ОД КОМУНАЛНАТА СФЕРА, ВЕЛИ РИСТЕСКИ..ДО ПРВИ ЈУЛИ ТОЛКУ НИ БЕШЕ НАДЛЕШНОСТА..ИЗГРАДЕНО Е СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ТИПСКАТА НАСЕЛБА..НАСКОРО ТОА ЌЕ ПРЕРАСНЕ ВО СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН КОМПЛЕКС..СРЕДЕН Е ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ГРАДСКИОТ СААТ..ФОНТАНАТА Е ОСВЕТЛЕНА, СЕ ЗАМЕНИЛА ВОДОВОДНАТА И ОДВОДНАТА ИНСТАЛАЦИЈА СО НОВА..ГРАДОТ СЕ ПОГРИЖИЛ И ЗА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ПОПУЛАРНАТА 13 КАТНИЦА..ФОНТАНАТА КОЈА БЕШЕ ЗАБОРАВЕНА ОД СИТЕ ШТО ВО ОВИЕ 15 ГОДИНИ ВЛЕГУВАА И ИЗЛЕГУВАА ОД ГРАДСКОТО СОБРАНИЕ, КОНЕЧНО ДОБИ ВОДА..ПРЕЗЕМЕНИ СЕ НАЈРАЗЛИЧНИ АКЦИИ ЗА КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ, ЧИСТЕЊЕ НА ДЕПОНИИ НА РАЗЛИЧНИ ТОЧКИ ВО ГРАДОТ НО ТОА ШТО СЕ УРЕДУВА ТРЕБА И ДА СЕ ОДРЖУВА, СМЕТА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТЕСКИ..СО НОВИТТЕ НАДЛЕЖНОСТИ НА ОПШТИНАТА ИМА УСЛОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ КОИ МНОГУ ПОРИГОРОЗНО ЌЕ ДЕЈСТВУВААТ ЗА СЕКОЈ ШТО ЌЕ УНИШТУВА НАМЕРНО..ЌЕ БИЛА ЗГОЛЕМЕНА И АЖУРНОСТА НА СЛУЖБИТЕ ВО КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ЗА ШТО СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ СЕ ИЗДВОЈУВААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ..ЛОКАЛНТА САМОУПРАВА НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ СО ПАРТЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ПРЕД КОМЕРЦИЈАЛНАТА БАНКА, ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ..ГИ ИСКРШИВМЕ АВТОМОБИЛИТЕ ОД ДУПКИТЕ ШТО ГИ ИМА НА УЛИЦИТЕ НИЗ ГРАДОТ, РЕЧЕ РИСТЕСКИ..ЗАТОА ЕДЕН ОД ПРИОРИТЕТИТЕ Е НАСКОРО ТИЕ ДА ПОЧНАТ ДА СЕ ПОПОЛНУВААТ..ГРАДОТ ЌЕ ГО СТИМУЛИРА СПОРТОТ,ЌЕ ГРАДИ ИГРАЛИШТА, ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖИ СОРАБОТКАТА СО НЕВЛАДИНИОТ И БИЗНИС СЕКТОРОТ И АКТИВНО ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО РАБОТАТА НА ЗАЕДНИЦАТА НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, РЕСПЕКТИБИЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО КОЈА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП Е ПРЕТСТАВНИК ВО УПРАВНИОТ ОДБОР И ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИИ..

ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА ТЕОРЕТСКИ ПОЧНА ОД ПРВИ ЈУЛИ АМА ПРАКТИЧНО СЕ ЈАВИЈА МНОГУ ПРОБЛЕМИ, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ..ВЛАДАТА БРЗАШЕ ДА ПОЧНЕ СО ПРОЦЕСОТ ВО ПРЕДВИДЕНИОТ ДАТУМ ....СТАРТОТ Е НЕИЗВЕСЕН ВО СИТЕ ОПШТИНИ ЗАТОА ШТО НИТУ ВЛАДАТА НИТУ МИНИСТЕРСТВАТА НЕ СЕ ПОТРУДИЈА ДА ОБЕЗБЕДАТ ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЛБЕНИОТ БИЛАНС, ЗА ПАРИТЕ ШТО ТРЕБА ДА СТИГНАТ ВО ОПШТИНАТА, ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ПРЕЗЕМЕМЕ, ВЕЛИ РИСТЕСКИ..

БЕЗ КОНСУЛТАЦИИ БИЛ НАПРАВИЛ СПИСОК СО 11 ВРАБОТЕНИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ КОИ ТРЕБАЛО ДА ГИ ПРЕЗЕМЕ ГРАДОТ НО ЗАРАДИ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ОД СИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ЗЕМЈАВА ТАА ОДЛУКА ЌЕ БИДЕ ПРОМЕНЕТА СМЕТА РИСТЕСКИ..

СЕКТОРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЌЕ СТАНЕ СТАНИЦА..ТРЕБА ОД БИТОЛА ДА БАРАМЕ ДА ГО ОДРЖУВА РЕДОТ И МИРОТ, ДА СЕ СПРАВУВА СО КРИМИНАЛОТ И ДЕВИЈАЦИИТЕ ..ОВА Е ДЕГРАДИРАЧКИ ЗА ГРАДОТ И ЗА НЕГОВИТЕ ГРАЃАНИ..ПРИЛЕП Е ОПШТИНА СО РЕЧИСИ НАЈГОЛЕМА ПОВРШИНА ВО ЗЕМЈАВА И Е ПОГРАНИЧЕН РЕГИОН..ИМАМЕ ПОТРЕБА ОД СЕКТОР А НЕ ОД СТАНИЦА ВЕЛИ РИСТЕСКИ.. УШТЕ НЕ ЗНАЕМЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НАМЕНСКАТА ДОТАЦИЈА ЗА ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА КОЈА ПРЕМИНА ВО НАДЕЛЖНОСТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА.. ДОМОТ НА КУЛТУРАТА МАРКО ЦЕПЕНКОВ ТРЕБАШЕ ДА ПОТПАДНЕ ПОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ..БИДЕЈЌИ Е ПОВРЗАН СО ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ КОЈ Е ПРОГЛАСЕН ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС НАМ НИ ОСТАНА САМО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ДА ЧИТАМЕ КНИГИ РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТЕСКИ.. СПОРТСКАТА САЛА МАКЕДОНИЈА КОЈА НЕМА ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ ЈА УПРАВУВА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ.КАКО ГРАДОТ ЌЕ ГО РАЗВИВА СПОРТОТ АКО НЕМА СПОРТСКИ САЛИ ПРАШУВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТЕСКИ

ДЕНЕСКА Е ПОГРЕБАНА ЧЕТИРИГОДИШНАТА ЕЛЕНА ТАЛЕСКА, НЕВИНАТА ЖРТВА НА РЕКЕТОТ ВО ПРИЛЕП

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ УШТЕ ЕДНАШ ПОБАРА ОДГОВОРОНОСТ ОД РАКОВОДИТЕЛИТЕ ВО ПРИЛЕПСКАТА ПОЛИЦИЈА ОТИ БЕЗБЕДНОСТА ВО ГРАДОТ Е СЕРИОЗНО ЗАГРОЗЕНА..РИСТЕСКИ РЕЧЕ ДЕКА ЌЕ РАЗГОВАРАЛ И СО МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЉУБОМИР МИХАЈЛОВСКИ СО НЕГО НЕКОЛКУПАТИ СЕ СРЕТНАЛ ОД НОГА РАЗГОВАРАЛЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРИЛЕП, НО ПО НАЈНОВИТЕ СЛУЧУВАЊА МИНИСТЕРОТ МИХАЈЛОВСКИ ЌЕ МОРА СЕРИОЗНО ДА РАЗМИСЛИ ШТО ЌЕ ПРЕВЗЕМИ ..РИСТЕСКИ НЕ КАЖА ДАЛИ ОД МИНИСТЕРОТ МИХАЈЛОВСКИ ЌЕ БАРА ДА ГО РАЗРЕШИ НАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕПСКАТА ПОЛИЦИЈА..ОВА НЕ Е САМО ПОРАДИ НАСТАНОТ НА ПИВО ФЕСТОТ ТУКУ И СЛУЧАЈОТ ОД ПРЕД ТРИ НЕДЕЛИ КОГА ВО ИНТЕРНЕТ КЛУБОТ САЈБЕР СИТИ БЕШЕ ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА 23 ГОДИШНИОТ ДРАШКО МАДАРОСКИ, ЗАВИСНИК ОД ДРОГА..АКО ЗА НЕШТО Е СУГЕРИРАНО ДЕКА СЕ СЛУЧУВА ПОЛИЦИЈАТА ТРЕБАЛО ДА ПРЕЗЕМИ ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ НА БЕЗБЕДНОСТ ВЕЛИ РИСТЕСКИ..

КАКО ПРВ ЧОВЕК НА ГРАДОТ СЕ ЗГРОЗИВ ОД НАСТАНОТ ВО САБОТАТА НО ОД МЕНЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ, ВЕЛИ РИСТЕСКИ..ПИВО ФЕСТ СИ ИМА ОРГАНИЗАТОР, ИНТЕРЕС НА ОПШТИНАТА Е ДА ЈА СОБИРА КОМУНАЛНАТА ТАКСА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНАТА ПОВРШИНА..

Кривичната пријава за изнудување на рекет, на НИКЛОЛА Мојсоски КОЉО му стаса по неговоата смрт. Кривични пријави ќе им бидат поднесени уште на неколкумина учесници во тепачката, која се случила ден пред тоа и на они кои учествувале во изнудувањето на рекет на учесниците со тезги на трагичниот „Пиво фест“.Ова го тврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи Горан Павловски, кој не соопшти имиња, ниту пак потврдува дека во случајот бил инволвиран ни и полицаец. Од прилепсото обвинителство, кривична пријава за прилепскиот полицаец очекуваат денеска.

понеделник, јули 04, 2005

ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ОД ГРАДОТ ДЕНЕСКА ДО ЈАВНОСТА СЕ ОБРАТИ ВМРО НАРОДНА ..ПАРТИЈАТА ЖАЛИ ЗА ИЗГУБЕНИОТ МЛАД ЖИВОТ НО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ПИВО ФЕСТОТ ПОТФРЛИ ЦЕЛНОСНО. СПОРЕД НИВ ВИНОВНИ СЕ ЛОКАЛНАТА И ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ...ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕ ТРЕБА ДА БЕГА ОД ОДГОВОРНОСТ, ТРЕБАЛО ДА ПОБАРА ГАРАНЦИЈА ОД ОРГАНИЗАТОРОТ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТАЊ ДЕКА СЕ ИСПОЛНЕТИ СИТЕ УСЛОВИ ЗА НЕПРЕЧЕНО ОДВИВАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ.

ИМ БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ ШТО САКААТ ДА ПОМОГНАТ ВО ЕДУКАЦИЈАТА НА РОМИТЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВСТОВОТ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НО НЕ ТРЕБА ДА ДОЗВОЛИМЕ МАНИПУЛАЦИИ ВО ИМЕ НА РОМСКАТА ДЕКАДА , ВЕЛИ ТАХИР СЕЛИМОСКИ, КООРДИНАТОР НА ПРОЕКТОТ РОМСКАТА ДЕКАДА КЛУЧ ЗА ИДНИНАТА..


ДЕВЕДЕСЕТ И ПЕТ ОТСТО ОД РОМИТЕ ШТО ЖИВЕАТ ВО ПРИЛЕП СЕ НЕПИСМЕНИ..ВЕЛИ СЕЛИМОСКИ..СПОРЕД НЕГО ИМА САМО 150 ТИНА СРЕДНИСТИ КОИ ЧЕКААТ РАБОТА..ВО ГРАДОТ ИМА САМО ЕДЕН РОМ СО ФАКУЛТЕТ И ТОЈ РАБОТИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ ГРИЖИ..


НА АВАЛА 16 РАБОТИ ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО КОЈА ДОСЕГА СЕ ЈАВИЛЕ 30 НА РОМИ ШТО СЕ ЖАЛАТ ДЕКА СЕ ЗЛОУПОТРЕБЕНИ ..ВО БИРОТО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СЕ ВОДАТ КАКО ВРАБОТЕНИ ВО ФИРМИ ЧИИ ГАЗДИ НЕ НИ ГИ ЗНААТ НИВНИТЕ ИМИЊА..НА ТОЈ НАЧИН ГО ГУБАТ ПРАВОТО НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ..ВЕЛИ САЛИМОСКИ..ТОЈ ДЕНЕСКА ЈА ОРГАНИЗИРАШЕ ПРВАТА ТРИБИНИ НА ТЕМА РОМИТЕ И ЗНАЧЕЊЕТО НА РОМСКАТА ДЕКАДА..НЕГОВИ ПАРТНЕРИ СЕ ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ, РАБОТНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ПЕРЕ ТОШЕВ И ДЕТСКАТА МЛАДИНСКА ИНИЦИЈАТИВА ВИДЕЛИНА..
ЦЕЛТА НА ДЕНЕШНАТА ЈАВНА ПРОМОЦИЈА Е ДА СЕ МОТИВИРААТ РОМИТЕ ОД НАСЕЛБАТА ТРИЗЛА ПРЕКУ НОВИТЕ МОЖНОСТИ ДА ЈА НАМАЛАТ СИРОМАШТИЈАТА И ДА ГО ПОДОБРАТ КВАЛИТЕТОТ НА СВОЈОТ ЖИВОТ ВЕЛИ МУХАРЕМ ЈАШАРОСКИ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ..


ВО ЗЕМЈАВА КООРДИНАТОР НА РОМСКАТА ДЕКАДА Е МИНИСТЕРСТВОТОЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА А ДРЖАВАТА УСВОИ НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА РОМИТЕ И ДОНЕСЕ АКЦИСКИ ПЛАНОВИ..ПРОЕКТОТГО ПОДРЖУВААТ ФОНДАЦИЈАТА ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО И КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СВЕТСКАТА БАНКА..

ЦЕЛИОТ НАСТАН Н Е ПОТРЕСЕ И НИЕ СМЕ ЖИТЕЛИ НА ОВОЈ ГРАД, ИЗРАЗУВАМЕ СОЧУВСТВО КОН БЛИСКИТЕ Н АНАСТРАДАНИТЕ, ВЕЛАТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ПИВО ФЕСТ. ТИЕ ДЕНЕСКА ПИСМЕНО СЕ ОБРАТИЈА ОД СИТЕ МЕДИУМИ..ВЕЛАТ: ПРЕД ПОЧНУВАЊЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ ГИ ПРЕЗЕДОВМЕ СИТЕ ЗАКОНСКИ ПОТРЕБНИ МЕРКА ОД БЕЗБЕНОСЕН КАРАКТЕР..ВО ОФИЦИЈАЛНАТА ИЗЈАВА ИСТАКНУВААТ ДЕКА ГИ ИЗВЕСТИЛЕ МВР, БРЗАТА ПОМОШ, ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА МЕДИЦИНКИОТ ЦЕНТАР..ОТКАКО СЕ КОНСУЛТИРАЛЕ СО НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ ЗА ПРЕВЕНТИВА ВО МВР, НАПРАВИЛЕ ДОГОВОР СО АГЕНЦИЈАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ИМОТИ И ЛИЦА АЛФА СЕКЈУРИТИ.
ТОА ШТО БЕШЕ НАША ОБВРСКА ГО ИСПОЛНИВМЕ..НА СИТЕ УЧЕСНИЦИ НА ФЕСТИВАЛОТ ТРЕБАШЕ ДА ИМ ОБЕЗБЕДИМЕ СТРУЈА, ВОДА, И КУЛТУРНО ЗАБАВНА ПРОГРАМА, ВЕЛАТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ .

ЖАЛИМЕ ЗА НЕСРЕЌНАТА СМРТ НА ЧЕТИРИГОДИШНАТА ЕЛЕНА ТАЛЕСКА, ГИ ПОВИКАВМЕ НАДЛЕЖНИТЕ ПОСЕРИОЗНО ДА РАБОТАТ НА БЕЗБЕДНОСТА ВО ГРАДОТ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА, ОЛИВЕР ДЕРКОСКИ, НА КОМЕМОРАТИВНАТА СЕДНИЦА ПО ПОВОД ТРАГИЧНИОТ НАСТАН НА ПИВО ФЕСТ.
И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ ПОБАРА ОДГОВОРНОСТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ..ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРЕЗЕДЕ НИШТО ДА ЈА СПРЕЧИ ГРУПАТА КОЈА СО ГОДИНИ ГО ТЕРОРИЗИРА ГРАДОТ И СОБИРА РЕКЕТ, РЕЧЕ РИСТЕСКИ..
ТОЈ ВЧЕРА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ВО ЗЕМЈАВА ИМ ГИ ПОКАЖУВАШЕ УБАВИНИТЕ НА ГРАДОТ..СО НИВ ТРЕБАШЕ ДА ИСПИЕ ПО ЕДНА КРИГЛА ПИВО НА ФИНАЛЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ, НО ПО НАСТАНОТ ПОБАРА ОД ОРГАНИЗАТОРОТ ДА ЈА ЗАТВОРИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА ПОРАНО..

ПУКОТНИЦИ, КРВ, СОЛЗИ, ИЗВИЦИ ЗА ПОМОШ..ГО ОДБЕЛЕЖАА ПИВО ФЕСТОТ..ФЕСТИВАЛОТ КОЈ ГОДИНАВА НАПОЛНИ ТРИ ГОДИНИ И ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ПРАЗНИК ЗА ГРАДОТ, ЗАВРШИ ТРАГИЧНО....ЧЕТИРИГОДИШНАТА ЕЛЕНА ТАЛЕСКА И ПОРАНЕШНИОТ ПРИПАДНИК НА ЕДИНИЦАТА ЛАВОВИ,НИКОЛА МОЈСОСКИ – КОЉО ИМ ПОДЛЕГНАА НА ПОВРЕДИТЕ ОД ИСТРЕЛИ ОД ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ПО ИНИЦДЕНТОТ ВО САБОТАТА ВЕЧЕРТА ЗА ВРЕМЕ НА ОДРЖУВАЊЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ ПИВО ФЕСТ..ВРЗ НИВ ПУКАЛ ДИМЕ ХРИСТОСКИ – ЖАБАТА..НАСТАНОТ СЕ СЛУЧИЛ ОКОЛУ ШТАНДОТ НА РЕСТОРАНОТ ЛАДНО МЕАНЧЕ..НИКОЛА МОЈСОСКИ КОЉО ИЗНУДУВАЛ ПАРИ ОД ДИМЕ ХРИСТОСКИ..ВО ИСТИОТ МОМЕНТ ХРИСТОСКИ ИЗВАДИЛ ПИШТОЛ И ПУКАЛ КОН МОЈСОСКИ..ЕДЕН ОД КУРШУМИТЕ ЗАВРШИЛ ВО ТЕЛОТТО НА ЕЛЕНА КОЈА СЛУЧАЈНО СЕ НАШЛА МЕЃУ ДВАЈЦАТА...ЕЛЕНА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАНА УТРЕ..