РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

вторник, јуни 28, 2005


1 ЈУЛИ, ДАТУМОТ КОГА ТРЕБА ДА ПОЧНЕ ПРОЦЕСОТ НА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА, ЌЕ ГО ДОЧЕКАМЕ СО ДОЛГОВИ ОСТАВЕНИ ОД ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ.ВЛАДАТА НЕ Е ЗАИНТЕРЕСИРАНА ДА ГИ ПРЕДАДЕ НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ЛОКАЛНО НИВО, ИЗЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ..
ИНСПЕКТОРИ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА ЈА ПРОВЕРУВААТ РАБОТАТА НА ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ И ПО ДВЕ НЕДЕЛИ СЕ ОЧЕКУВА ИЗВЕШТАЈ ЗА ДОЛГОТ НА ОПШТИНАТА КОЈ СПОРЕД ПРОЦЕНКИТЕ НА НОВАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ИЗНЕСУВА ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ЕВРА.
СПОРЕД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТЕСКИ, ОВА НЕ Е РЕВАНШИЗАМ, ОВА ТРЕБА ДА ГО ПРАВИ СЕКОЈА ИДНА ВЛАСТ, ДА ДАДЕ ОТЧЕТ КАКО СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ,
ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА НЕ МОЖЕ УСПЕШНО ДА ПОЧНЕ ОТИ ВЛАДАТА ПРАВИ ЧУДНА МАТЕМАТИКА ЗА ПРЕНОС НА ПАРИТЕ ВО ОПШТИНИТЕ. ВЕЛИ РИСТЕСКИ.


ПО ДВА ДЕНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ГРАДОТ ПРЕМИНУВААТ ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА.СЕ УШТЕ НЕМАМЕ ПОДАТОЦИ ЗА ИМОТОТ СО КОЈ РАСПОЛАГААТ, ВЕЛИ РИСТЕСКИ..НЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ПРЕФРЛИ НАДЛЕЖНОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ДА МОЖЕМЕ УСПЕШНО ДА ЈА РАКОВОДИМЕ ПРОТИВПОЖАРНАТА ЗАШТИТА..


ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТЕСКИ, ЗА СРЕДИНАТА НА ЈУЛИ ЈА НАЈАВИ РАБОТАТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ ВО КОЈА ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ЕКСПЕРТИ О Д ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА, ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ, РЕГИОНАЛНАТА СТОПАНСКА КОМОРА И НЕВЛАДИНАТА ПРЕДА, ЗА РАЗВОЈ НА МАЛИТЕ И НА СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА.ЦЕЛТА Е ДА СЕ РЕШАВААТ СОЦИЈАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ, НЕВРАБОТЕНОСТА И ДА СЕ ЗАЈАКНЕ ЛОКАЛНАТА ЕКОНОМИЈА РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ.