РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

четврток, јуни 30, 2005

В недела на 3 јули ќе се одржи интернационалната авто трка Крушево 2005.. По двете трки на Водно, ова е трета во земјава што се вози на ридски патеки.. За АМД Прилепец ќе возат Никола Нестороски, во 2002 и 2003 бил државен првак, лани бил втор на кружни патеки,Годинава има шанси ако биде прв да добие златна кацига. Слободан Трајковски ќе вози за Прилепец, лани бил државен првак на ридски патеки. И двајцата натпреварувачи не се од Прилеп, Кире Наумоски претседател на организациониот одбор, вели дека имаме екипа на која останатите можат да ни позавидат, сепак ги потикнуваме нашите сограѓани да се пријават и да возат за својот град.Авто трките се скап и опасен спорт, требаат пари, вели Наумоски, За трката добивме финансиска помош од спонзорите и од АМСМ.
Според Петре Караниколов, годинава навреме се почнати сите подготовки, обезбедена е добра инфраструктура а патеката ги исполнува сите правила и прописи..Заради сигурноста на посетителите ќе бидат поделени упатства од кое место ќе може да се следи трката.Стартот на шампионатот на македонија на ридски патеки е од селото Острица, крајната цел е Крушево, кај Мечкин камен. Патеката е долга 7200 метри, а најголемата ширина на патот е 6 метри.Утре завршува рокот за пријавување, се очекуваат 30 на тркачи.Натпреварувањето е во 4 класи.Покрај домашните,ќе учествуваат и 5 странски натпреварували и тоа 3 од Бугарија и 2 од Грција. Олга Стојанова од Бугарија ќе биде единствената жена учесник. Овој настан го заслужува вниманието и треба да се популаризира. Затоа организаторот автомото друштвото прилепец обезбеди бесплатен автобуски превоз