РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

среда, јуни 29, 2005


Ѓраѓаните биле задоволни од 60 те дена владеење на новата локална власт, е впечатокот на градоначалникот Марјан Ристески..Особено во централното градско подрачје, каде што значително била подобрена комуналната хигиена.Сите дуќанџии и граѓаните кои барем еднаш во текот на денот минуваат низ центарот веќе ја забележувале разликата смета Ристески.Освежена е целата зелена површина, клупите се бојадисани, отстранети се дивите објекти кои се грда слика на градот и се активираат фонтаните.Дивите тезги се преместени и со новите пазарни првила, тие ќе добијат свое место каде што ќе продаваат слободно и ќе заработуваат.додава Ристески..Изградбата на канализацијата во населбата Варош, донација на Кардс програмата треба да заврши до октомври.Партерното уредување пред комерцијална банка ќе почне по завршувањето на фестивалот Пиво Фест. Според градоначалникот Ристески, за да собере предизборни поени СДСМ тој дел од центарот го ископал и не оставил никакви документи за донаторска конференција ниту легнати пари на сметка на општината за средување на просторот. Градоначалникот најави дека наскоро ќе почне изработката на детални урбанистички планови на населбата Тризла и останатите периферни населби.Со претставници на МПЦ се водат преговори за реализација на иницијативата за изградба на црква во населбата Точила.Со градба ќе се почне во септември, сега имаме проблем со несредени имотно-правни работи, вели Ристески. За да се олесни градскиот пазар, општината предвидела нови зелени пазарчиња во Точила, Тризла и наспроти Стерна.Во интерес на транспарентното работење, општината ќе почне да издава локален информатор.Граѓаните имаат право да знаат што работи локалнта власт и како ги троши нивните пари, вели градоначалникот Марјан Ристески.Деновиве ќе се постави и сандаче за поплаки.Ако не сте задоволни од работата на администрацијата, имате да пријавите корупција, криминал, писмено пожалете се на градоначалникот.