РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

четврток, јуни 30, 2005

Македонија ќе биде една од најцентрализираните држави во Европа, но само уште осум часови.Од утре градоначалникот на Приле, Марјан Ристески, ќе седне на своето столче со власт поголема од кога било порано.Ако досега се занимаваше со ситни комунални проблеми, сега на неговото работно биро ќе лежат многу поголеми и специфични предмети за решавање.
Градоначалникот Ристески пред три дена за локалната телевизија призна дека целосно не е спремен да ја преземе новата улога оти владата не била заинтересирана да ги предаде надлежностите на локално ниво.Први јули ќе го дочекаме со долгови што ги остави претходната власт. Наместо да се занимаваме со нови проекти, наредниов период ќе работиме на тоа да финансиски да ја стабилизираме општината, вели Ристески.
Со децентрализацијата јавните установи од областа на образованието, културата и социјалната заштита се оставаат на управување на градот, се пренесува правото на сопственост на недвижностите во јавните установи и на вработените од јавните установи и од министерствата што пренесуваат надлежности на локално ниво. Со неа директно се овозможува поефикасен пренос на 489 установи, и речиси 28.000 вработени од централно на локално ниво.
Процесот ќе почне, Граѓаните очекуваат транспарентност, да се намалат криминалот и корупцијата, ефикасна локална администрација, сакаат да знаат како ќе се трошат нивните пари, нивниот град да стане вистинска урбана средина, место каде ќе се живее пристојно и достоинствено..