РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

четврток, јуни 30, 2005

Лекарите предупредувааат, чувајте се од сонцето.Болните од срце, старите но и луѓето кои немаат проблеми со здравјето, пожелно е да не излегуваат на сонце меѓу 10 часот претпладени и 6 часот попладне.Тогаш е најжешко а сончевото зрачење најштетно.Топлиот бран што ја зафати земјава ги зголеми температурите и до 40 целзиусов степен.Пијте миниерална негазирана вода и сокови, болните од срце- со поусул.

НО ОВА СЕ ДЕНОВИ КОГА НЕ СЕ СЕДИ ДОМА..Почнува пиво фест, на 3700 метри квадратни ќе има повеќе скара отколку пиво.Ќе се избира и мис пиво фест..Штандовите се поставија..Ќе има многу повеќе угостители од пиварници..Во странство пиварите кога одат на саем, организаторт е голем моќник и им обезбедува простор, маси, столчиња , ние се обидовме да најдиме решение а тоа е да го искористиме потенцијалот на прилепските ресторани, рече Златко Црвенкоски еден од организаторите на Пиво фест..Ќе се точи скопско исто колку и прилепско..организаторот ги демантираше тврдењата дека скопска се повлекла. Учестуваат 7 пивари од земјава и регионот.Странските пиварници не се заинтересирани да дојдат на пиво фест, велат организаторите, причина: нашиот пазар е затворен..За да се стимулираат од година ќе бидат воведени награди за истакнување на квалитетот..Покрај домашните производители на пиво, на фестивалот ќе учествуаат австриското Вајфер кое по лиценца се полни во србија и црна гора, пилс плус, лашко пиво, ефес пилсен и за прв пат Никшичко .Лани фестивалот го посетија преку 250 илјади луѓе, се испија 120 тони пиво годинава се очекуваат до 400 000 посетители.Акценот е ставен на младите луѓе, за нив секоја вечер 60 минути техно журка.Во забавниот дел ќе учестуваат Елена Петреска, Александра Пилева, Ламбе Алабаковски, Гоце Арнаудов, пејачки групи и културни уметнички друштва од градот.
Отворањето е вечер во 21 часот.