РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

понеделник, јули 04, 2005

ЖАЛИМЕ ЗА НЕСРЕЌНАТА СМРТ НА ЧЕТИРИГОДИШНАТА ЕЛЕНА ТАЛЕСКА, ГИ ПОВИКАВМЕ НАДЛЕЖНИТЕ ПОСЕРИОЗНО ДА РАБОТАТ НА БЕЗБЕДНОСТА ВО ГРАДОТ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА, ОЛИВЕР ДЕРКОСКИ, НА КОМЕМОРАТИВНАТА СЕДНИЦА ПО ПОВОД ТРАГИЧНИОТ НАСТАН НА ПИВО ФЕСТ.
И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ ПОБАРА ОДГОВОРНОСТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ..ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРЕЗЕДЕ НИШТО ДА ЈА СПРЕЧИ ГРУПАТА КОЈА СО ГОДИНИ ГО ТЕРОРИЗИРА ГРАДОТ И СОБИРА РЕКЕТ, РЕЧЕ РИСТЕСКИ..
ТОЈ ВЧЕРА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ВО ЗЕМЈАВА ИМ ГИ ПОКАЖУВАШЕ УБАВИНИТЕ НА ГРАДОТ..СО НИВ ТРЕБАШЕ ДА ИСПИЕ ПО ЕДНА КРИГЛА ПИВО НА ФИНАЛЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ, НО ПО НАСТАНОТ ПОБАРА ОД ОРГАНИЗАТОРОТ ДА ЈА ЗАТВОРИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА ПОРАНО..