РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

вторник, јули 05, 2005

ДЕНЕСКА Е ПОГРЕБАНА ЧЕТИРИГОДИШНАТА ЕЛЕНА ТАЛЕСКА, НЕВИНАТА ЖРТВА НА РЕКЕТОТ ВО ПРИЛЕП

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ УШТЕ ЕДНАШ ПОБАРА ОДГОВОРОНОСТ ОД РАКОВОДИТЕЛИТЕ ВО ПРИЛЕПСКАТА ПОЛИЦИЈА ОТИ БЕЗБЕДНОСТА ВО ГРАДОТ Е СЕРИОЗНО ЗАГРОЗЕНА..РИСТЕСКИ РЕЧЕ ДЕКА ЌЕ РАЗГОВАРАЛ И СО МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЉУБОМИР МИХАЈЛОВСКИ СО НЕГО НЕКОЛКУПАТИ СЕ СРЕТНАЛ ОД НОГА РАЗГОВАРАЛЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРИЛЕП, НО ПО НАЈНОВИТЕ СЛУЧУВАЊА МИНИСТЕРОТ МИХАЈЛОВСКИ ЌЕ МОРА СЕРИОЗНО ДА РАЗМИСЛИ ШТО ЌЕ ПРЕВЗЕМИ ..РИСТЕСКИ НЕ КАЖА ДАЛИ ОД МИНИСТЕРОТ МИХАЈЛОВСКИ ЌЕ БАРА ДА ГО РАЗРЕШИ НАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕПСКАТА ПОЛИЦИЈА..ОВА НЕ Е САМО ПОРАДИ НАСТАНОТ НА ПИВО ФЕСТОТ ТУКУ И СЛУЧАЈОТ ОД ПРЕД ТРИ НЕДЕЛИ КОГА ВО ИНТЕРНЕТ КЛУБОТ САЈБЕР СИТИ БЕШЕ ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА 23 ГОДИШНИОТ ДРАШКО МАДАРОСКИ, ЗАВИСНИК ОД ДРОГА..АКО ЗА НЕШТО Е СУГЕРИРАНО ДЕКА СЕ СЛУЧУВА ПОЛИЦИЈАТА ТРЕБАЛО ДА ПРЕЗЕМИ ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ НА БЕЗБЕДНОСТ ВЕЛИ РИСТЕСКИ..

КАКО ПРВ ЧОВЕК НА ГРАДОТ СЕ ЗГРОЗИВ ОД НАСТАНОТ ВО САБОТАТА НО ОД МЕНЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ, ВЕЛИ РИСТЕСКИ..ПИВО ФЕСТ СИ ИМА ОРГАНИЗАТОР, ИНТЕРЕС НА ОПШТИНАТА Е ДА ЈА СОБИРА КОМУНАЛНАТА ТАКСА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНАТА ПОВРШИНА..

Кривичната пријава за изнудување на рекет, на НИКЛОЛА Мојсоски КОЉО му стаса по неговоата смрт. Кривични пријави ќе им бидат поднесени уште на неколкумина учесници во тепачката, која се случила ден пред тоа и на они кои учествувале во изнудувањето на рекет на учесниците со тезги на трагичниот „Пиво фест“.Ова го тврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи Горан Павловски, кој не соопшти имиња, ниту пак потврдува дека во случајот бил инволвиран ни и полицаец. Од прилепсото обвинителство, кривична пријава за прилепскиот полицаец очекуваат денеска.