РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

среда, јули 06, 2005

ПРИЛЕПСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО, ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОДРЖИ СРЕД ЛЕТО И ЌЕ ТРАЕ МАЛКУ ПОДОЛГО..СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА ОВАА КУЛТУРАНА МАНИФЕСТАЦИЈА ЌЕ БИДЕ ВО ПЕТОК СО ПОЧЕТОК ВО 21 ЧАСОТ ВО ГОЛЕМАТА САЛА НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА..СО НЕ СИ ГО ПРОДАВАЈ КОЉО ЧИФЛИКОТ И РЕД ПОЗНАТИ ИЗВОРНИ РЕФРЕНИ ВО ЕТНО ВАРИЈАНТА, ЛЕТОТО ЌЕ ГО ОТВОРИ СОСТАВОТ МОНИСТРА И ВОКАЛНАТА СОЛИСТКА ИРЕНА КРСТЕСКА.. ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА , ИЛИЈА ВЕЛКОСКИ Е ОСОБЕНО ГОРД НА ПРВОТО ГОСТУВАЊЕ ВО ПРИЛЕП НА ПОЗНАТИОТ КЛАВИРИСТ ВО ЦЕЛА ЕВРОПА, СИМОН ТРПЧЕСКИ..


ЗА ТРПЧЕВСКИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА КАРТА ВО ВРЕДНОСТ ОД 150 ДЕНАРИ..ФЕСТИВАЛОТ ЗАВРШУВА СО РИБАРСКИТЕ КАРАНИЦИ, ПРЕТСТАВА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР ВОЈДАН ЧЕРНОДРИСНКИ.. ПРЕТСТАВАТА ЌЕ СЕ ИГРА НА ГРАДСКИОТ БАЗЕН И СЕКОЈ ШТО ЌЕ САКА ДА ЈА ВИДИ ЌЕ ТРЕБА ДА ПЛАТИ 50 ДЕНАРИ..ОСТАНАТИТЕ СОДРЖИНИ НА ЛЕТОТОТ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ГЛЕДААТ ПО СЛОБОДНА ВОЛЈА БЕЗ ПАРИ..
ОРГАНИЗАТОРОТ ОСОБЕНО ГО ИСТАКНА ГОСТУВАЊЕТО НА РУСКИТЕ ХОРОВИ , ГЛАСОТ НА ПРАВОСЛАВНА РУСИЈА..ОСВЕН ВО ПРИЛЕП ТИЕ ЌЕ НАСТАПАТ ВО УШТЕ ПЕТ ГРАДОВИ ВО ЗЕМЈАВА..

ПОКРОВИТЕЛ НА ПРИЛЕПСКОТО ЛЕТО Е МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА.. ОДРЖУВАЊЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ ЧИНИ 280 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ..130 ИЛЈАДИ ЌЕ ДАДЕ МИНИСТЕРСТВОТО А ОСТАТОКОТ ЌЕ ГО ПОКРИЕ ЦЕНТАРОТ СО ПАРИ ОД СПОНОЗОРСТВА И ПРОДАДЕНИ КАРТИ..
ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ГО СТАВА НА РАСПОЛАГАЊЕ ЦЕЛИОТ СВОЈ ТЕХНИЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА СОДРЖИНИТЕ КОИ ГИ ПЛАНИРА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА..