РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

четврток, јули 07, 2005

ПРИЛЕПСКАТА ПОЛИЦИЈА Е ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК И БЛОКАДА ОД СДСМ И ВЛИЈАТЕЛНИ РАКОВОДИТЕЛИ ВО МВР.. ВЕЛИ ЛИДЕРОТ НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ..ТОЈ СЕ СРЕТНА СО НОВИНАРИТЕ ДА ЈА ЗАПОЗНАЕ ЈАВНОСТА СО СТАВОТИТЕ НА ПАРТИЈАТА ЗА ПОСЛЕНДИТЕ НАСТАНИ ВО ПРИЛЕП.. СПОРЕД НЕГО, КРИМИНАЛЦИТЕ СЕ ЧУВСТУВААТ СИГУРНО А ИНЕРТНОСТА И КОЛЕБЛИВОСТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИДОНЕЛЕ ДА СЕ СЛУЧИ ПРЕСМЕТКАТА ВО КОЈА ЗАГИНА И ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ..
ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ИНСИСТИРА СЛУЧАЈОТ ДА СЕ РАСЧИСТИ ДО КРАЈ И СИТЕ ШТО МУ КУМУВАА ДА СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ..ТРАЈАНОВ ПРЕДЛАГА ДА СЕ ФОРМИРА ПАРЛАМЕНТАРНА КОМИСИЈА КОЈА ТРЕБА ДА ГО РАСВЕТЛИ СЛУЧАЈОТ ОСОБЕНО ОД АСКПЕКТ НА ОДГОВОРНОСТА НА НОСИТЕЛИТЕ НА ВИСОКИ ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ..
ПРИЛЕП ДАДЕ ЖРТВИ ЗА ВРЕМЕ НА КОНФЛИКОТОТ, ВО ОДБРАНБЕНИТЕ СИЛИ ИМАШЕ ГОЛЕМ БРОЈ ПРИПАДНИЦИ ВО ЕДИНИЦАТА ЛАВОВИ, И СЛУЧАЈОТ СО ПОЧИНАТИОТ НИКОЛА МОЈСОСКИ КОЛО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА И ДА СЕ ВОДИ ХАЈКА ПРОТИВ ОНИЕ КОИ ЈА БРАНЕА ДРЖАВАТА, СМЕТА ТРАЈАНОВ..
ВЛАДАТА И ЛИЧНО ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ЗА ДА ВЛАДЕЕ И ПОНАТАМУ ПРАВИ ОТСТАПКИ ВЕЛИ ТРАЈАНОВ..НАЈНОВ ПРИМЕР Е ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЗНАМИЊА НА ЕТНИЧИТЕ ЗАЕДНИЦИ СО КОЈ СЕ ОВОЗМОЖУВА АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДА ГО КОРИСТАТ ЗНАМЕТО НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА..ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ СМЕТА ДЕКА СОСТОЈБИТЕ ВО ЗЕМЈАТА СЕ СЛОЖЕНИ, МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ ПОСТОЈАНИ НИ СЕ ВРАЌААТ НАЗАД..ГРАЃАНИТЕ ДОСЕГА НЕ СЕ ОБЕДИНИЛЕ ПО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ, СЕГА ВРЕМЕ Е ЗА ЕДИНСТВО, РЕЧЕ ЛИДЕРОТ НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ, ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, КОЈ СИНОЌА ДОЈДЕ ВО ПРИЛЕП ДА ГО КОНСОЛИДИРА ЛОКАЛНОТО РАКОВОДСТВО НА ПАРТИЈАТА ПРЕД ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ..