РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

среда, септември 28, 2005

Кирил Михаиловски свесно или несвесно потврдува едно мое дамнешно сознание дека поезијата пред се е пеење.Во надворешноста односно во екстериерот е ритам, а во внатрешноста е мислење, всушност мисла-ќе напиште Трајче Крстески за авторот на поетската книга “Снежно пеење“.
Михаиловски напишал пречистени стихови, полни со љубов, посветени на најмилите и блиските: ќерката, сопругата, роднините, пријателите..
Со “Снежно пеење“ читателот доби книга, читлива поезија што не мора да се разбере, но сигурно нема да не остави рамнодушни.
Топло добредојде на книгата поезија “Снежно пеење“ во светот на читателите и посака промотерот Наташа Мирческа и презентерот Весна Ристеска.
“Снежно пеење“ е втора поетска книга на прилепчанецот Кирил Михаиловски.Првата збирка “Комплименти за поривот“ ја има издадено во 1996 година.