РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

среда, септември 28, 2005

Унијата на жени на Вмро-Дпмне од Прилеп бара спроведување на програмата за рано откривање и спречување на болести на репродуктивните органи кај жените.Оваа програма беше донесена од владата на 7 март 2005 а стапи на сила четири дена подоцна.
Со овие болести најмногу се погодени жените на возрастод 19 до 65 години, а програмата предвидува бесплатен гинеколошки преглед за 20% на жени на таа возраст, односно би значело бесплатен преглед со спроведување на пап-тестови и други анализи за околу 5000 жени во општина Прилеп со еднинствена цел за навремено откривање на претканцерозни состојби и преземање мерки за навремено лекување.При прегледот на пациентите не треба да се наплаќа партиципација.
Според унијата на жени на Вмро-Дпмне, реализацијата на оваа програма е започната во други градови но не и во Прилеп.Треба да се реагира брзо и интервентно рече членот на комисијата за здравство на оваа партија, Снежана Переска.
Здравствените установи кои се извршители на програмата најдоцна до 15 јануари наредната година треба да достават до министерството за здравство извештаи за реализираните мерки и активности во 2005 година.