РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

понеделник, октомври 03, 2005

За 450 редовни и 100 вонредни бруцоши денеска започна академската 2005/06 година. “Животот не се мери по дишењето туку според миговите што го одземаат здивот, денеска е таков миг“ – се обрати на новите бруцоши, деканот на Економскиот факултет, професор доктор Гордана Трајкоска.
Факултетот постои и се развива 45 години и е најстара високообразовна институција во рамките на универзитетот св.Климент Охридски.

И во новите услови на пазарна економија кога конкуренцијата во економијата и бизнисот е неминовност помеѓу приватните но и државните факултети.Економскиот факултет го остварува планот а структурата на запишаните студенти и нивните успеси во текот на студиите претставуваат најдобри амбасадори за она што значи економскиот факултет денеска, рече продеканот за настава професор др.Сашо Атанасоски.

16 компјутери во современ амбиент се составен дел на интернет клубот што се отвори денеска за потребите на студентите кои ќе можат да го користат бесплатно во текот на целиот ден за подготовка на испит, семинарски работи, есеи и други активности кои ќе бидат вклучени во формирањето на оценката за испитите.

Од минатата година студентите на Економскиот факултет во летниот период обавуваат 2 неделна пракса во познати компании што создава услови за нивно понатамошно стипендирање и вработување во нив. За Прилеп постоењето и работењето на Економскиот факултет значи негово заживување како факултетски центар, интелектуално средиште но и годишен прилив на околу 300.000 евра, пари на студентите кои доаѓаат на студии од другите места, истакнува Атанасоски.