РАДИО ХОЛИДЕЈ

ХОЛИДЕЈ Е КОМЕРЦИЈАЛНА РАДИОСТАНИЦА ОД ПРИЛЕП. ЕМИТУВА МУЗИКА, ИНФО-СЕРВИСИ И ПРОГРАМИ ШТО ПОДРЖУВААТ ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ И ИНИЦИЈАТИВИ.

понеделник, октомври 03, 2005

Војската си оди од прилепската касарна, кантината останува..Според планот за трансформација, Армијата на република Македонија (АРМ) ќе ја напушти касарната до почетокот на следната година.Кантините од касарната во Прилеп и во други девет градови се дадени под концесии на приватни фирми. Тие во договорите со Министерството за одбрана (МО) се обврзаа да ги задржат вработените најмалку десет години колку што трае договорот.